Ешли Кол започна со тренерска професија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот лев бек Ешли Кол започна со тренерска работа.

Тој се врати во клубот во кој ги помина најубавите денови, Челси и го превзеде младиот тим на овој клуб. Поточно, тој работи со играчи до 15 години.

Така тој им се придружи на некогашниот соиграч Џо Кол кој исто така работи со помладите категории и со Франк Лампард кој е тренер на сениорскиот тим.

Кол својата кариера ја заврши пред неполни два месеци, а последниот клуб во кој играше беше Дерби Каунти. Во Челси играше од 2006. до 2014. година и за тоа време освои многу трофеи од кои највредни му беа Лигата на Шампионите и Премиер Лигата.

Освен за Челси и Дерби, играше и за Арсенал, Кристал Палас, Рома и ЛА Галакси.