Еспањол ќе биде страв и трепет следната сезона – Петото засилување стигна во Каталонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилниот фудбалер е најновата инвестиција на каталонскиот клуб.

Еспањол сериозно се спрема за следната сезона.

Стигнаа голманот Роберто, Лео Баптистао од Атлетико Мадрид, искусниот Хозе Антонио Рејес, од Вотфорд стигна Хозе Мануел Хурадо, а на клупата е Кике Санчез Флорес.

Сега клубот се засили со фудбалерот на Валенсија, Пабло Пјати.

Тој стигна на 1-годишна позајмица, но Еспањол ќе може да го откупи договорот.

Аргентинецот со шпански пасош кариерата ја почна во Естудијантес, а во Шпанија за прв пат заигра за Алмерија.

Тука се задржа три години и се пресели на Местаља.

Во дресот на лилјаците на 110 натпревари во Примера постигна 15 погодоци.