„ЕСПН“: Ливерпул нуди астрономска сума за трансфер на Нејмар?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар веќе некое време се поврзува со заминување од ПСЖ, а во трка за неговиот потпис се вклучил и Ливерпул, ако може да им се верува на шпекулациите на „ЕСПН“.

Ливерпул, наводно, е подготвен за голем трансфер кој клубот би можел да го чини околу 200 милиони евра. Тоа секако ќе биде рекорд кога станува збор за клубот од „Енфилд“, но останува прашањето дали ќе успеат во својата намера.

„Црвените“ вчера објавија дека му го продолжиле договорот на Јирген Клоп до 2024 година, со што потврдија дека се сериозни во намерата да останат на тронот на европскиот фудбал.

Инаку, Нејмар сезонава одигра 10 натпревари, а притоа постигна седум голови и три асистенции, а треба да се спомене и дека имаше проблем со повреда на почетокот на сезоната.