„ЕСПН“ пренесува дека Јунајтед влегол во преговори со играч на Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Угледниот „ЕСПН“ потврди дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран во своите редови да донесе фудбалер на Атлетико Мадрид.

Имено, челниците на Манчестер Јунајтед се сретнале со претставници на Томас Лемар и на состанокот било разговарано за можен трансфер на Лемар на „Олд Трафорд“.

25 годишниот Лемар игра очајна сезона во која се уште нема постигнато погодок, а нема запишано ниту асистенција.

Фудбалерот наводно притиска за заминување од Атлетико Мадрид затоа што стилот на игра на диего Симеоне воопшто не му одговарал на играчот.