Ето: Не играв јас со Меси, туку тој играше со мене!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Барселона, Самуел Ето поправи еден новинар откако тој му кажа дека „играл со Меси“.

Ето се пошегува со новинарот и кажа дека Меси влегол во првиот тим на Барселона во време кога Камерунецот веќе играл за Каталонците.

„Не е вистина. Меси играше со мене, а не јас со него. Во мое време Меси играше со мене и тоа беше поинаку од сега“, се пошегува Ето.

И тоа е вистина, Меси влезе во првиот тим и доби шанса да игра со Роналдињо и Ето, а подоцна Аргентинецот ги надмина сите и стана најдобар.

Ето ја напушти Барселона во 2009 година, а во дресот на каталонскиот гигант постигна 152 гола на 234 натпревари.