Ето со интересна изјава за Балотели: Никогаш не играше ни со 10% од своите можности


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Барселона, Интер и Челси, Самуел Ето верува дека Марио Балотели никогаш не играл ни со 10% од неговите можности.

Камерунецот тоа го кажа во интервју за „Газета дело Спорт“ и истакна дека Балотели многу го почитувал и го сакал како брат.

„Марио ме сака како брат, но можам да ви кажам дека никогаш не играше ни со 10% од неговите квалитети. Марио кој го гледав на тренинзите, кога му се тренираше, не го видов никогаш на теренот. Штета, во некои моменти знаеше како да гиосвои срцата на оние кои го следеа“ –истакна Ето.