Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кристал Палас спреми одличен напаѓачки тандем за наредната сезона.
Сите знаете дека Кристијан Бентеке веќе стигна во Лондон, каде што потпиша договор и стана најплатен играч во историјата на тој клуб, а сега е готов уште еден ексклузивен трансфер.
За Алај Пардју и неговата екипа повторно ќе игра Лоик Реми, фудбалер кој стигна од Челси.
После доаѓањето на Мичу Батшуаји во Челси, Лоик Реми стана вишок, а премногу е за таков фудбалер да биде во немилост на клупа. Така се одлучи да премине во Кристал Палас.
Навивачите на Палас во право се во делириум и сите се свесни дека клубот никогаш нема посилна екипа, ниту посилен тандем во нападот.
Да потсетиме, Пардју го тренираше Реми и во Њукасл кога тој беше можеби најдобар играч на тој тим.