Еуфорија во Милано: Пристигна големо засилување, наскоро ќе потпише договор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Оливие Жиру пристигна во Милано, каде што за еден милион евра ќе биде купен од екипата на Челси.

Овој 34-годишен напаѓач пристигна во Милано за да има медицински прегледи, по што ќе потпише договор со „росонерите“

Жиру ги поздрави навивачите на Милан и новинарите кои го чекаа пред просториите каде што имаше медицински прегледи.

Французинот ќе потпише двегодишен договор со Милан, а претходно во Челси одигра 119 меча и постигна 39 голови, а во кариерата играше за Арсенал, Монпелје и неколку други француски тимови.

Иако има 34 години, сепак раководството на Милан е убедено дека ќе биде квалитетно засилување за тимот.