“Еванс може да оди во Арсенал, но прво мораме да пронајдеме замена“


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Дефанзивниот фудбалер на Вест Бромвич Албион Џони Еванс треба во ова лето да го напушти клубот.

Тој во минатата година стигна во ВБА во трансфер вреден осум милиони фунти и тоа од Манчестер Јунајтед каде што со години беше еден од стандардните дефанзивци.

Сепак, во ова лето се појави информација дека тој е голема желба на Арсенал бидејќи Арсен Венгер се најде во големи проблеми поради повредите на фудбалерите од последната линија.

Тренерот на ВБА Тони Пулис порачува дека Еванс може да премине во Арсенал, но под услов тој прво да најде адекватна замена за својот фудбалер.

„Не сакаме да го загубиме својот најдобар фудбалер, но тоа во фудбалот некогаш се случува. Ако тоа се случи, тогаш пред тоа мораме да најдеме адекватна замена за својот фудбалер.

Ако Арсенал дојде по Џони да склучиме договор, тогаш тоа ќе биде приказна меѓу двата клуба. Нема овде да зборувам за тоа, а ниту било каде“, рече Пулис.

Англиските медиуми наведуваат дека Арсенал ќе мора да понуди 15 милиони фунти за овој дефанзивец, доколку сака да го види во своите редови.