Еве како Арсенал ќе изгледа со се поизвесните принови


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конечно Венгер го “одврза кесето“ и доведува две сосема солидни засилувања.

Арсенал е во големи проблеми од стартот на новата сезона.

Се случија повторно бројни повреди, а овој пат многу се случија во последната линија.

Се повредија Мертезакер, Кошчелни и Габриел, Французинот додуша се врати во стартниот состав но евидентно е дека клубот мора да му пронајде нов партнер, како крајно несериозно е да се потпрат на младиот Холдинг кој во ова лето стигна од Болтон.

Проблеми постојат и во нападот, дури и Жиру е надвор во тимот бидејќи не е спремен за цели 90 минути, а со нив во составот мора да се признае дека Арсенал не изгледа како што навивачите на овој клуб очекуваат и заслужуваат.

Ефикасноста е слаба, а сите се надеваа на едно големо засилување кое ќе ги реши проблемите со реализацијата, но Венгер никако не сака да се „расфрли со пари“ додека не најде адекватно решение.

Изгледа дека конечно пронајдоа два фудбалери кои ќе го задоволат неговиот вкус, само е прашање дали ќе ги задоволи и навивачите. Но, секако треба да им се даде шанса да се покажат.

Имено, во клубот треба да стигнат Лукас Перез од Депортиво Ла Коруња за сума од 17 милиони фунти, како и Шкодрам  Мустафи од Валенсија за сума од 35 милиони фунти.

Венгер на конференцијата за новинарите пред натпреварот од 3 коло од ПЛ потврди дека клубот ќе доведе засилувања до крајот на преодниот рок, а во прилог за преминот на германскиот дефанзивец на Емирати оди и фактот дека повторно не беше во составот на Валенсија.

Тој имено не играше во првите два меча на Валенсија.

Вака може да изгледа Арсенал во продолжението на сезоната.