Еве зошто Џеко вчера не тренирал


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На Един Џеко во последно време не му цветаат рози, како и на целиот тим на Рома. Сепак, без обзир на лошата игра сеуште се во борба за пласман во Лигата на шампионите.

За да ја оствари оваа цел Раниери мора да ги има на располагање Џеко и тоа во негово најдобро издание. Един во последно време има одредени физички проб леми, па последниот лигашки меч го започна од клупата.

Така Џеко вчера воопшто не тренираше со тимот, откако беше договорено да се одмори, па вчера беше само на терапии.

Рома во сабота го дочекува тимот на Удинезе, а планот на Раниери е Џеко да биде стартер, па затоа беше договорено тој да не тренира вчера и да ги „наполни батериите“.

Инаку, до крајот на сезоната во Серија А има останато уште седум мечеви, а дуелот со Удинезе за Џеко би можел да биде еден од последните во дресот на Рома, бидејќи неговото заминување е се поизвесно. Најзаинтересирани се Вест Хем и Интер.