Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Германија има фантастичен учинок во полуфиналињата против домаќините на големите натпреварувања.
Како што се ближи дербито на Европското првенство во Франција, полуфиналето помеѓу Германија и Франција се поголема е тензијата.
Многумина во прв план ги истакнуваат Французите. Логично е, домаќини се, натпреварот се игра пред нивна публика, но ако ја имаме предвид традицијата која е на страна на “Панцерите”, тешко дека “Галските петли” се фаворити.
Имено, Репрезентацијата на Германија има фантастичен учинок кога во прашање се полуфиналните натпревари против домаќинот на европските натпреварувања. Од седум досегашни натпревари вна завршниците на европските и светските првенства. “Панцерите” беа поразени само еднаш, во далечната 1958 година во полуфиналето против Шведска (1:3).
Од тогаш победија на шест натпревари против домаќините во полуфиналињата, а последниот беше навистина брутален, против Бразил на Светското првенство 2014 година кога беше дури 7:1 за Германците.
Ова се сите резултати на Германците во полуфиналињата:
СП 1958 1:2 пораз од Шведска
ЕП 1972 2:1 победа над Белгија
ЕП 1976 4:2 победа над Југославија
ЕП 1992 3:2 победа над Шведска
ЕП 1996 1:1 (пенали 6:5) победа над Англија
СП 2002 1:0 победа над Јужна Кореја
СП 2014 7:1 победа над Бразил