Евертон губеше од кого стигне, па го нокаутира Јунајтед (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Евертон ја прекинаа серијата на лоши резултати, откако на „Гудисон парк“ го совладаа Манчестер јунајтед со 1-0 и направија чекор кон опстанок во лигата.

Гордон во 27. минута ја затресе мрежата на Де Хеа, откако неговиот удар се одби од телото на Мегваер и заврши во мрежата на Јунајтед.

„Ѓаволите“ се обидоа да израмнат и имаа голем број шанси, но сепак не ги искористија и Евертон на крајот славеше со 1-0.

Евертон има 28 бода на 17. место на табелата, односно четири повеќе од опасната зона, додека Јунајтед е седми со 51 бод.