Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од англискиот премиерлигаш, Евертон и официјално објавија дека Марко Силва повеќе нема да биде тренер на тимот.
„Карамелите“ играат катастрофално оваа сезона и покрај огромните вложувања во тимот во последните неколку години.
Силва беше донесен како тренер кој ќе го однесе тимот напред, меѓутоа тоа не му успеа па сега Евертон се бори за опстанок и во моментов е во опасната зона, на 18. позиција на табелата во Премиер лигата.
Од клубот објавија дека легендата на Евертон, Данкан Фергусон ќе ги води „карамелите“ на средбата против Челси која ќе се игра овој викенд.
Се очекува во следниот период да биде назначен и нов предводник, а најголеми шанси за да го преземе кормилото на клубот има Дејвид Мојс.