Евертон и Вест Хем ја посакуваат ѕвездата на Борусија Дортмунд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалер на Борусија Дортмунд би можел да игра во Премиер лигата следната сезона, а станува збор за Геце.

Неговиот договор истекува на крајот на јуни и интересот за неговите услуги веќе го покажа тимот на Баер Леверкузен.

Сега Баер добива двајца конкуренти, а тоа се екипите од Премиер лигата, Евертон и Вест Хем кои сакаат стил на игра како на овој фудбалер.

Геце нема зад себе одлична сезона, но сите знаат дека тој е многу добар фудбалер кој може да направи разлика на теренот.

Сепак, проблемот за Евертон и Вест Хем е платата на овој фудбалер. Тој има околу десет милиони евра годишно во Дортмунд, но јасно е дека ќе мора се согласи за помала плата доколку сака во Премиер лигата.