Евертон ја најде замената за Лампард

Евертон се наоѓа во зоната за испаѓање по катастрофалните резултати во првиот дел од сезоната, поради кои Франк Лампард заработи отказ.

Лампард доби отказ по лошите резултати, а клубот веднаш му најде замена и тоа е поранешниот тренер на Барнли, Шон Дајч.

Дајч ги договорил условите со Евертон и наскоро треба да биде промовиран како нов стратег на „карамлите“.