Евертон му испрати понуда на Џерард, па доби експресен одговор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти најверојатно ќе го напушти Евертон и ќе потпише за Реал Мадрид, па така Евертон ќе мора да си бара нов стратег.

Англиските новинари почнаа да шпекулираат кој ќе го замени Анчелоти, а „Атлетик“ објави дека тоа ќе биде Стивен Џерард.

На социјалните мрежи веднаш почнаа шпекулации дека Џерард ќе се пресели во неговиот најголем ривал бидејќи долго време го носеше дресот на Ливерпул, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Набрзо стигна одговор од извори блиску до Џерард, кои откриле дека тренерот нема да прифати понуда од Евертон.

Најверојатно „карамелите“ ќе мора да си бараат нов стратег, а дел од медиумите сега шпекулираат дека Рафа Бенитез би бил идеален за нивното кормило.