Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Евертон реши да направи неколку фантастични потези во летниот преоден рок.
Раководството од Гудисон Парк веќе ангажираше неколку засилувања, а откако беа одбиени огромни понуди за Вилфред Заха, тие се насочија кон друга опција.
Карамелите на тој начин испратија понуда од 30 милиони фунти во Арсенал за Алекс Ивоби. Тие понудија 25 милиони фунти веднаш со пет милиони преку бонуси, но таа понуда беше одбиена.
Сепак, се очекува да се вратат со нова понуда за репрезентативецот на Нигерија, за кого претходно се споменуваше можноста за заминување во Емирати.
Евертон сигурно ќе се обиде да ангажира уште еден офанзивен играч до крајот на преодниот рок и ќе видиме дали тоа ќе биде Ивоби.
Овој фудбалер има одиграно 51 натпревар, а во сите натпреварувања има постигнато шест гола.