Евертон се засилува од Порто?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Евертон ова лето би можела да биде посилна за Нигериецот од Порто, Висент Абубакар.

Како што денес пренесуваат англиските медиуми, Евертон е заинтересиран за услугитен на овој напаѓач и наскоро ќе испратат официјална понуда до Порто.

Според наводите на “Дејли Мејл”, таа ќе изнесува 16 милиони фунти и би требало да пристигне после завршувањето на Европското првенство во Франција.

Абубакар минатата сезона одлично го замени Џексон Мартинез и на 28 натпревари постигна 13 погодоци.