Евертон со добри вести по тешката операција на Гомеш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Евертон, Андре Гомеш на мечот против Тотенхем заработи страшна скршеница на ногата по стартот на Хеунг-Мин Сон, по што тој се судри со Серж Орие.

Гомеш директно од „Гудисон“ беше префрлен во болница, кадешто денеска му направија операција, а Евертон во официјално соопштение порача дека операцијата била успешно, па фудбалерот ќе се рехабилитира.

„Евертон може да потврди дека Андре Гомеш беше на операција поради скршеница. Операцијата беше успешна. Гомеш одредено време ќе мора да се рехабилитира во болница, а докторите ќе внимаваат на него. Се очекува целосно да се рехабилитира. Во име на Андре, клубот сака да им се заблагодари на сите навивачи на големата поддршка“, соопштија од Евертон.