Евертон води против „ѓаволите“, а виновник е – Мегваер! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евертон игра очајно во последно време, но сега се наоѓа на добар пат да освои три бода против Манчестер јунајтед бидејќи води со 1-0 на „Гудисон парк“.

„Црвените ѓаволи“ од почетокот на натпреварот создаваа шанси, но не ги искористија, па затоа „карамелите“ создадоа контра-напад и повторно виновник за голот е Хари Мегваер.

Гордон испрати удар, а топката заврши во Мегваер, по што го промени правецот и ја затресе мрежата на Давид де Хеа.