Евра откри: Сер Алекс беше убеден дека ќе ги донесе Бејл и Роналдо


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Патрис Евра во специјалниот „УТД поткаст“ откри дека Сер Алекс Фергусон кратко пред да донесе одлука за пензионирање бил убеден дека во клубот ќе ги донесе Кристијано Роналдо и Герет Бејл.

Според Евра, Фергусон ги сакал овие играчи и верувал дека со нив ќе атакува на Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, откако било јасно дека тие нема да стигнат, Ферги се одлучил да се повлече од фудбалот.

„Фергусон ми рече: „Моја цел во која сум 99% сигурен е да ги имаме Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Ми требаат само тие двајца за да ја освојам Лигата на шампионите“. Да бидам фер, се слушнав со Кристијано и го прашав, а тој ми кажа дека му рекол „Да“ на шефот. Тој ми го кажа тоа“ –изјави Евра.

Сепак на крајот Роналдо остана во Реал Мадрид, а Сер Алекс Фергусон објави дека по крајот на сезоната ќе се пензионира.