Евра за малку ќе се расплакаше по дебаклот на Манчестер јунајтед ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера беше поразен на домашен терен од Тотенхем со 1-6. По мечот беше забележана интересна ситуација во „Скај Спортс“, а во главна улога беше поранешниот фудбалер на тимот, Патрис Евра.

Евра беше на раб на солзи по поразот на Јунајтед и имаше што да каже.

„Се сеќавате дека Алексис по првиот тренинг со Јунајтед побара раскин на договорот. Јас сега барам од Скај Спортс такво нешто. Не можам да ја кажам вистината за Јунајтед, зашто сум навивач. Постојано зборуваме за тоа дека Мегваер треба да игра со некој друг стопер, но зошто не го оставиме на клупа? Не ми е гајле за резултатот, но ова се случува секоја година“, кажа Евра.