Евра: Жал ми е што играв за Франција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Патрис Евра во текот на кариерата играше за неколку тимови, а најдобрите денови ги помина во Манчестер јунајтед, но и француската репрезентација за која играше 12 години.

Евра стави крај на кариерата во 2019 година, па сега во интервју вели дека згрешил што настапувал за Франција и смета дека подобар избор би бил Сенегал.

„Ако можев да го вратам времето, ќе ја изберев мојата родна земја. Ќе играв за Сенегал наместо за Франција. Кога бев млад, моите родители ми дадоа шанса да го изберам националниот тим. Сега сфатив дека изборот на земјата носеше политички последици. Треба да ги учиме младите деца од Африка дека подобро е да играат за нивните земји“, вели Евра.