Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европскиот суд на правдата пресуди дека УЕФА и ФИФА немале право да го запрат проектот за создавање на европска Суперлига.
Новото натпреварување во април 2021 година го формираа 12 тимови, и тоа Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Јувентус, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Манчестер сити, Челси, Тотнем, Интер и Милан.
„Правилата на ФИФА и УЕФА, кои наложуваат секој проект за фудбалско натпреварување, каква што е Суперлигата, мора да добие нивна авторизација се нелегални“, објави судот во Луксембург.
Извршниот директор на компанијата „А22“, која ги застапува интересите на Суперлигата кажа дека дошол крајот на монополот на УЕФА.