Европските гиганти “полудеа”: Барселона во “пол” позиција за Хрватот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ, игра во животна форма. Играчот на Интер едноставно е брилијантен на Европското првенство.

Асистенцијата и голот против актуелниот европски шампион беше доволна причина за него интерес да покажат големите европски клубови.

Интер секако дека ќе сака да го задржи Перишиќ, но проблем за “Нероаѕурите” е што нема да играат во Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер би прифатил понуда од 30 милиони евра иако договорот на Перишиќ истекува во 2020 година.

Каталонски “Спорт” тврди дека токму Барселона е прва во редот за услугите на Перишиќ, но се споменуваат уште ПСЖ, Челси и Манчестер Јунајтед.

Да потсетиме, Перишиќ во Интер пристигна минатото лето од Волфсбург за 18 милиони евра.