Европските гиганти застанаа во ред за потписот на Лукаку: Сепак за еден од клубовите парите не претставуваат проблем…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познато е дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Ромелу Лукаку, но само по вистинската цена.

Белгиецот е платен околу 90 милиони евра, како што се наведува, клубот од „Олд Трафорд“ би сакал да врати барем третина, а неколку клубови веќе покажаа интерес за Белгиецот.

Се споменуваа Интер и Јувентус, агентот на напаѓачот на „Ѓаволите“, Федерико Пастарело истакна дека неговиот клиент би сакал да игра во Италија, но дека Лукаку во своите редови со задоволство би го виделе и Баерн Минхен.

Сега уште еден сериозен клуб се појави во приказната, со оглед на тоа дека за Лукаку е заинтересиран и ПСЖ.

Се зборува дека Кавани би можел да замине во мадридски Атлетико, во тој случај, „Светците“ ќе останат без класичен шпиц, па им се допаѓа идејата Уругвајецот да го заменат со фантастичниот Белгиец.

Лукаки има и висока плата, што заинтересираните екипи би морале да ја имаат на ум, заработува околу 14 милиони годишно во Јунајтед, но се чини за ПСЖ тоа не би било проблем.

Поради финансиската страна на трансферот се чини дека ПСЖ е во предност во однос на останатите заинтересирани клубови, но останува да видиме како ќе се одвиваат работите.