Ф1 доби ноќна трка во Лас Вегас која ќе биде гламурозна (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Формула 1 оваа година е повозбудлива од претходните, па на првите две трки беа забележани големи битки меѓу возачите на Ред Бул и Ферари, додека Мерцедес не се доминантни како во минатото.

„Најбрзиот циркус“ во светот реши да организира и трета трка во САД, откако претходно на календарот се најдоа Остин и Мајами, па така репертоарот е пополнет со трка во Лас Вегас, која ќе се вози од 2023 година.

Патеката изгледа спектакуларно, а интересно е тоа што учесниците ќе возат ноќна трка во Лас Вегас покрај голем број казина и хотели.