Ф1 ги објави спринт-трките за идната сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Формула 1 соопшти дека идната сезона ќе има шест спринт-трки, и тоа во Кина, Мајами, Австрија, Остин, Сао Паоло и Катар.

Првиот спринт ќе се вози на Големата награда на Кина од 19 до 21 април, а потоа се вози од 3 до 5 мај во Мајами.

Во Австрија ќе се вози од 28 до 30 јуни, а потоа во Остин од 18 до 20 октомври, па во Сао Паоло од 1 до 3 ноември и на крајот во Катар од 29 ноември до 1 декември.