Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Формула 1 и Силверстон се договорија да се одржат две трки на патеката сезонава, а сега се чека дозвола и од државата.
Сопствениците на Силверстон и управата на Формула 1 имаше спор околу цената која ќе биде исплатена за одржување на две трки. Но, компромисот беше постигнат по долги преговори.
„Со големо задоволство можам да потврдам дека Силверстон и Формула 1 постигнаа договор за одржување на две трки ова лето, но без присуство на навивачи. Сепак, мора да чекаме дозвола од властите, зашто на сите приоритет им е здравјето и безбедноста, како и почитувањата на правилата воведени поради Ковид-19“, кажа Стјуарт Прингл, директорот на трката.