ФА води истрага против лудиот потег на Алиоски, можна е и казна? 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ги изнервира противниците со неговата луда реакција во мечот меѓу Лидс и Барнли (4-0), а фудбалерот Двајт Мекнил решил да се жали до Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), која почна истрага.

Англиските медиуми објавија дека Алиоски по дуелот со Мекнил влегол во записникот на судијата и сега ФА ќе мора да го истражи инцидентот, па ќе соопшти дали ќе биде казнет некој од фудбалерите.

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса, кажа дека не го видел инцидентот.

„Ако имало таква гестикулација, тогаш не ја видов, но видов ситни искри, нешто што го има на секој од натпреварите и не гледам ништо чудно во тоа“, кажа Биелса.