До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанската фудбалска репрезентација бара нов селектор откако Џенаро Гатузо ја напушти функцијата по неуспехот на квалификациите за Светското првенство и поразот од Босна и Херцеговина. Како еден од кандидатите се споменуваше и Сеск Фàбрегас, кој постигнува одлични резултати со Комо, но оваа можност ја одби, пишуваат италијанските медиуми.
„Да бидам селектор на Италија? Можеби еден ден, но засега сум премногу тренер во смисла дека морам секојдневно да бидам со играчите на теренот, со младите, да ги подготвувам натпреварите. Работата во репрезентацијата би ми била моментално малку досадна”, изјави Фàбрегас.
Сепак, тој целосно не ја исклучи можноста еден ден да се обиде во селекторската улога. „Во иднината, кога ќе бидам малку постар, којзнае…”, заклучи тој.
















