Фабрегас не се шегува: Комо „заврши“ уште едно големо засилување


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот Комо, кој не толку одамна влезе во Серија А, продолжува да го составува тимот кој треба да се бори за излез на европската сцена.

Самото доведување на Сеск Фабрегас на местото на тренер покажа дека Комо има сериозни планови во Серија А и дека не мисли да биде само пролазник во италијанската елита.

После остварување на целта да остане во лигата, Комо сега има поголеми амбиции и сака да се пласира на европската сцена.

Доказ за тоа се и засилувањата кои ги доведува овој клуб. Фабрицио Романо потврди дека во Комо оди и Алваро Мората.

„Алваро Мората оди во Комо. Договорот е постигнат со Галатасарај за 5 милиони евра за да се раскине заемот.

Комо ќе го потпише Мората од Милан на заем со обврска за откуп. Мората сакал само во Комо”, тврди Романо.

Фото: Принтскрин

.