Фабрегас убеди ѕвезда да го предводи нападот на Комо


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сеск Фабрегас го одби Интер, претходно и Милан и Рома, и ја продолжува својата авантура на езерото. Комо “купи” многу неутралци со извонредни партии и офанзивна игра низ претходната сезона, а приказната ќе биде продолжена со големо засилување.

Шпанецот успеа да убеди некогашниот соиграч од репрезентацијата и Челси, Алваро Мората да потпише за Комо. Минатата година Мората играше за Милан, тоа заврши лошо, па пролетта ја помина во Галатасарај.

Сега е на крстосница, се споменуваше враќањето во Хетафе каде сè започна, но Сеск го убеди да дојде по четврти пат во Италија (двапати го носеше дресот на Јувентус).

Не постои сомнение дека ќе биде огромно засилување за „Ларијаните“ кои во нападот го имаат локалниот момче, идолот на навивачите Патрик Кутроне, фантастичниот млад Сенагаlец Асана Диао, а тука е и неверојатниот офанзивен играч за врска Аргентинецот Нико Паз. Веќе го купија Хрватот Мартин Батурина од Динамо. Во клубот има голем број на искусни фудбалери кои ги паметиме од големи клубови, Морено, Серхи Роберто, Деле Али.

Фото: Принтскрин