Фабрицио го откри пеколниот план на Манчестер Јунајтед: Ѕвезда на тимот си заминува и тоа поради еден човек


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед се подготвува за нова реконструкција, а Фабрицио Романо донесува важни информации кои ги откриваат плановите на клубот. Едно заминување е практично веќе извесно, додека името на идеалниот играч за среден ред одамна е познато внатре кај Олд Трафорд. Сепак, сè зависи од едно големо „но“.

Манчестер Јунајтед влегува во нова фаза на составување на тимот под водство на Рубен Аморим, а наредните два преодни рока би можеле да бидат пресудни за конечниот изглед на тимот што треба да го врати клубот на самиот врв на англискиот и европскиот фудбал.

Откако летово потрошија околу 230 милиони фунти и се ослободија од поголемиот дел од „мртвиот товар“, Црвените ѓаволи направија видлив напредок. Сен Ламенс, Брајан Мбеумо и Матеус Коња донесоа енергија и квалитет, но одредени позиции сè уште бараат засилувања.

Особено се однесува на средниот ред, каде што би можело да дојде до сериозно пресложување. Коби Мејнуу, Мануел Угарте, Каземиро и Бруно Фернандес последните недели беа тема на можни заминувања.

Клубот, според достапните информации, би можел да ги финансира новите доајдиња со продажба на некои играчи, а моментално најблиску до излезната врата е Џошуа Зиркзе.

Нидерланѓанецот оваа сезона има споредна улога и не успеа да се наметне во системот на Аморим. Италијанските медиуми веќе со денови пишуваат за неговото враќање во Серија А, поточно во Рома.

„Кога станува збор за средниот ред, едно име кое постојано го спомнувам уште од август е Карлос Балеба. Можам да гарантирам дека Манчестер Јунајтед не престана интерно да дискутира за него. Балеба и понатаму се смета за идеално решение за Рубен Аморим и луѓето во клубот“, рече Романо на својот YouTube канал.