Фаџоли направил долг од 3 милиони евра: Мафијаши сакале да му ги скршат нозете!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли доби суспензија од седум месеци, откако се договори со Обвинителството и го призна делото дека се обложувал, а потоа прифати и да оди на лекување.

Италијанските медиуми откриваат дел од изјавите на фудбалерот пред обвинителот, кој почнал да се обложува од забава, а потоа станал зависник.

До септември 2022 година направил долг од 250.000 евра, а потоа долгот се зголемил на три милиони евра и добил закани од мафијаши.

„Ќе ти ги скршиме нозете“, му се заканиле мафијаши.

Фаџоли позајмувал пари и од соиграчите, односно земал по 40.000 евра од Гати и Драгушин, а ги лажел дека му се за накит.