Фалкао по дуел на тренинг заврши во болница зашто му настрада главата! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Радамел Фалкао го извлече подебелиот крај на тренингот на Галатасарај. Тој се судрил со соиграчот Актурукоглу и притоа заработи тешка повреда на глава.

Искусниот напаѓач заработил фрактура на коска на лице, а беше пренесен во болница. Од Галатасарај соопштија дека е опериран, а засега не е познато колку ќе паузира.

Кај неговиот соиграч нема потешко повреди, а во болница беше задржан поради претпазливост по незгодниот удар.