Фати и Барселона добија ептен лоши вести!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ансу Фати нема да може да ѝ помогне на Барселона во осминафиналето на Лигата на шампиони, а оваа вест прв ја објави новинарот Чави Мигел.

Мигел ги следи случувањата во Каталонија и ретко објавува погрешни информации, а сега откри дека рехабилитацијата на Фати се одвивала побавно од очекуваното.

Фати има оток на коленото и не може да почне со тренинзи, а и самиот фудбалер е разочаран поради ситуацијата.

Младиот 18-годишен напаѓач се повреди против Бетис на 7 ноември, по што му се предвидуваше пауза од четири месец, па најверојатно уште одреден период ќе биде надвор од терените.