Фавр: Нема публика? Вака ми е добро, фудбалерите ме слушаат поубаво!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најважните натпревари во Бундеслигата ќе се игра во вторник меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.

„Милионерите“ успеаа да слават во претходното коло со 2-0 против Волфсбург, а по ден гол постигнаа во двете полувремиња.

Средбата се играше без присуство на публика, но очигледно тоа не му пречи на Лусиен Фавр, кој вели дека сега комуникацијата со фудбалерите е подобра.

„Заслужено победивме, бевме подобри од почетокот и покажавме дека сакаме три бода. Многу добро ја контролиравме играта. Нема публика? Добро е вака, играчите подобро ме слушаат“, вели Фавр.

Дортмунд ја продолжи Бундеслигата со два сигурни триумфа по ред, а во вторник го пречекува големиот ривал Баерн Минхен.