„Федерер има уште една шанса да победи на Гренд Слем“

Роџер Федерер има само уште една шанса да освои Гренд слем, според поранешниот австралиски тенисер Пат Кеш.

Да потсетиме дека Федерер загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето 3-0 во сетови на неодамна завршениот Австралија опен, со што остана во 20 грен слем титули.

Надал во моментот има 19 , а Ѓоковиќ 17, па стана многу возбудливо. Кеш верува дека Федерер има само уште една шанса да стигне до 21-от гренд слем и тоа на Вимблдон.

„Федерер има шанса, веројатно само уште една, да освои Гренд Слем и тоа е Вимблдон. Мислам дека тој сè уште е меѓу најдобрите играчи на трева“, изјави Австралиецот за Би-Би-Си.

Тој додава:

“Другите момци, исто така, сакаат да продолжат да покажуваат добри игри. Секој турнир е различен поради повреди и други работи. Во моментов, секоја повреда е проблем за постарите момци кои може да бидат отсутни поради тоа”.

Кога станува збор за Кеш, тој освои само еден Гренд Слем во текот на неговата кариера и тоа Вимблдон во 1987 година.