Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер имаше пофални зборови за Новак Ѓоковиќ и кажа дека Србинот има шанси да го освои златниот медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Ѓоковиќ сè уште се рехабилитира од повреда и засега не е познато кога ќе се врати на теренот, но Федерер смета дека неговиот поранешен ривал може да оствари нов успех.
„Новак игра одлично, па и самиот кажа дека олимписките игри му се приоритет и јас очекувам да се претстави во најдобро светло. Ќе има жестока конкуренција во Париз, но сметам дека може да го освои златото“, кажа Федерер.