Федерер направи споредба меѓу „големата тројка“ и Алкараз


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер беше гостин на Мастерсот во Шангај и направи споредба меѓу „големата тројка“ и Карлос Алкараз.

Големата тројка беше составена од Федерер, Надал и Ѓоковиќ, а Швајцарецот кажа дека гледа голем потенцијал во Алкараз.

„Гледам потенцијал во форхендот на Карлос. Можеби има слични елементи на игра со мене, додека има одбранбени можности како Ѓоковиќ. Сепак, мислам дека за Карлос е многу важно да ги избегне повредите. Во секој случај, не ми се допаѓаат вакви споредби“, кажа Федерер.