Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер го освои Ролан Гарос во неделата, па така стана единствен играч кој стигнал до 23 гренслем-титули.
По победата во финалето во Париз пристигнаа голем број честитки до Србинот, но на Роџер Федерер му требаа четири дена за да испрати порака до Ѓоковиќ.
„Тоа што го направи Ѓоковиќ е неверојатно. искрено, одлично е за тенисот кога се пишува историја. Тоа го видовме со Серена, Рафа, со мене и сега со Ѓоковиќ. Се сеќавам кога стигнав на турнејата, Пит Сампрас имаше 14 гренслем-титули. Мислевме дека никој нема да го стигне, а потоа јас освоив 15, па застанав на 17. Сите тројца се туркавме до 20, а потоа Рафа прв освои 22 титули, но Ѓоковиќ сега го надмина и не делува дека ќе запре“, вели Федерер.