Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во 1/4 финалето на Мастерс во Шангај откако денес го порази Белгиецот Давид Гофин со 2-0 во сетови.
Федерер секако беше голем фаворит во оваа средба, иако играше против многу добриот Гофин, а проблеми имаше само во првиот дел од играта.
Годин добро се држеше во првиот сет, па дури направи и брејк, поведе 6-5 и сервираше за 1-0. Сепак, Федерер му врати брејк, иако се соочуваше со три сет топки за противникот и мечот го одведи во тај брејк. Таму подобро се снајде Швајцарецот кој славеше со 9-7 и поведе со 1-0.
Тоа очигледно психичко го скрши Гофин кој во вториот сет го изгуби својот сервис во седмиот гем, а Федекс до крајот го зачува својот сервис и победи со 6-4. Мечот траеше 1 час и 55 минути.
Федерер во 1/4 финалето ќе игра против подобриот од мечот Александер Ѕверев – Андреј Рублев.