Федерер првпат по операцијата на коленото најави крај: Пензијата е блиску!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роџер Федерер, најтрофејниот гренслем-шампион во историјата и еден од најдобрите тнисери во светот, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда и операција на коленото, која се искомплицира.

Федерар, кој на 8 август ќе наполни 39 години, е свесен дека наскоро ќе мора да ја прекине кариерата. Тој вели дека најлесно би му било сега да го направи тоа, зашто го чека тешка рехабилитација.

„Се грижам за своето здравје, но ми недостига чувството на полн стадион. Пензионирањето е блиску и ќе ми недостига тенисот. Би ми било полесно да се пензионирам сега, но сакам да си дадам шанса и да уживам на теренот“, кажа Федерер.