Федерер тргна одлично, но Ѓоковиќ беше подобар: Србинот обезбеди финале во Мелбурн!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се пласираше во финале на Австралијан опен, откако го совлада Роџер Федерер со 3-0 во сетови (7-6, 6-4 и 6-3).

Федерер одлично тргна во мечот, па имаше водство од 5-2 во првиот сет, но потоа Србинот успеа да направи сензационален кам-бек и да го освои сетот во тај-брејк со 7-6.

Во вториот сет можеше да се забележи многу подобра игра од страна на Ѓоковиќ, кој вршеше притисок на сервисот на Федерер и успеа да го добие сетот со 6-4.

Важен момент во третиот сет беше шестиот гем кога Ѓоковиќ направи брејк и успеа да ги постави конечните 6-3.

Србинот во финале ќе игра против подобриот од второто полуфинале меѓу Александер Зверев и Доминик Тим.