Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс најверојатно нема да биде откупен од Челси, каде што игра во моментов на позајмица од Атлетико Мадрид.
Шпанското радио „Кадена Сер“ објави дека Феликс ќе го напушти лондонскиот гигант, по што ќе се пресели во Њукасл, кој се бори за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).
Вредноста на Португалецот во изминатиот период падна за 50 милиони евра, па Атлетико наводно е подготвен да прифати понуда од 70 до 80 милиони евра.
Њукасл нема финансиски проблеми, па без проблеми може да ја плати потребната сума за да го добие талентираниот португалски фудбалер.
Феликс оваа сезона одигра 35 меча за Челси и Атлетико Мадрид, а притоа постигна само седум гола.