Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турскиот медиум „Таквим“ објави дека Фенербахче ќе се обиде да го договори македнскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој има договор со Лид со крајот на сезоната.
Фенербахче се вклучи во борбата со Бешикташ, Галатасарај и Трабзонспор за потписот на македонскиот фудбалер, кој имаше одлична авантура во екипата на Марсело Биелса.
Лидс не успеа да се договори со Алиоски, иако навивачите на премиерлигашот бараа од раководството на тимот да пронајдат начин и да му го продолжат договорот на левиот бек, но тоа не се случи.
Алиоски минатата сезона имаше 36 настапи во Премиерлигата, а притоа постигна два гола и запиша три асистенции, па без сомнеж ќе биде квалитетно засилување за кој тим ѝ да потпише во следниот период.