Фенербахче на интересен начин го претстави Алиоски (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски стана нов фудбалер на турскиот гигант Фенербахче.

Левиот бек ќе игра една година на позајмица во Фенербахче, кој потоа ќе може да го откупи неговиот договор.

Алиоски кажа дека добил неколку понуди, но по разговор со неговиот колега Елиф Елмас, решил дека најдобар избор за него е турската екипа.

Македонскиот фудаблер има договор со Ал Ахли, кој не може да ја исплаќа неговата плата откако испадна во понизок ранг, па затоа Алиоски си замина на позајмица.