Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентина, Уругвај, Шпанија, Италија, Словенија… Лукас Елијас Онтиверо го заобиколи светот играјќи фудбал. А, тешко дека имате слушнато за него.
Можеби имате, но најверојатно не за Лукас Елијас Онтиверо. Ова момче кое е крилен напаѓач има 21 година и богата клупска кариера и фудбалерите кои се пред пензија можат да само да му завидуваат.
Онтиверо играше во 10 различни држави рачунајќи на млади селекции и сениорската кариера. Играше во Аргентина, Уругвај, Шпанија, Италија, Словенија, Венецуела, Англија, Турција, Унгарија и Канада.
Повторуваме има 21 година.
Во младите категории го носеше дресот на Реал Мадрид, Сан Лоренцо, Тотенхем, Милан, Индепендиенте…
Сега е играч на Галатасарај кој е позајмен во Монтреал во Канада. Пред тоа шеташе по позајмици во Газијантеп, Ховед, Олимпија Љубљана. За Газијантеп и Олимпија одигра само 1 натпревар.